Повик за учество на петдневна Академија за уметничка акција

Фондацијатa Oтворено општество – Македонија, Центарот за уметнички активизам од САД и Центарот за современи уметности од Скопје ги повикуваат заинтересираните уметници и граѓански активисти од Македонија да учествуваат на Академијата за уметничка акција во траење од пет дена од 5-ти до 9-ти јуни 2018 година во Скопје, Македонија.

Академијата е наменета за уметници и граѓански активисти од Македонија кои во моментов работат или се интересираат за учење како може да ја сменат доминацијата на корупцијата преку уметнички форми, користејќи го своето искуство и уметничко изразување.

Пријавувањето се прави преку пополнување на апликацијата на следниов ЛИНК. Краен рок за пријавување е 14 мај 2018, до 14:00 часот.

Обуката ќе започне на 5 јуни попладне и ќе заврши вечерта на 9 јуни, 2018 . Кандидатите мора да бидат спремни да се посветат на целата обука во времетраење од пет цели денови.  Сите трошоци (патни билети, сместување и оброци) ќе бидат покриени од ФООМ.

Академијата за уметничка акција (АУА) досега се има одржано во повеќе од 10 земји со повеќе од 800 учесници.