Повик за креативно-едукативна работилница „Информираност и дроги“

ХОПС ги повикува сите заинтересирани на возраст од 20-25 години, до четврток 21 декември, да се пријават за креативно – едукативна работилница на тема „Информираност и дрoги”, која ќе се одвива во 4 сесии во текот на месец декември 2017  и јануари 2018.

Креативно – едукативната работилницата ќе се состои од:

Едукација за Психоактивни супстанции со акцент на Информирање за дроги, како вовед во креативниот процес. Едукацијата ќе ја води Д-р. Давор Смиланов – Едукатор од ХОПС.

Креативен процес фацилитиран од страна на Драган Китановски – Драш – Илустратор, дизајнер и графити артист; Емилија М. Ставрова – Ем Елефантски – Илустратор, дизајнер, како и фацилитатор од ХОПС – Благородна Коцева Симјанов.

Учесниците со помош на фацилитаторите низ креативен процес и дискусија на теми од интерес ќе дадат насоки за изработка на визуелни идејни решенија на тема „Информираност и дроги”.

Учесниците во работилницита ќе се стекнат со знаења и вештини поврзани со темата Информираност за дроги, со можност да го пренесуваат стекнатото знаење на нивните врсници. Учесниците ќе имаат шанса да се запознаат и дружат со двајца врвни креативци како и со нивниот начин на работа.

Првите 2 сесии ќе се оддржат во сабота, 23.12.2017 г. од 17:00-20:00 часот, во Просториите на ХОПС – Опции за здрав живот, Ул. Христо Смирненски бр. 48/1-6, Скопје.

Уште 2 сесии ќе се оддржат во јануари, 2018 година, а точниот термин ќе биде дополнително договорен.

Доколку сте на возраст од 20-25 години пријавете се како учесник на  davorspork@yahoo.com или на телефон 078224560. (Пожелно, но не и пресудно, да ни испратите ваша кратка биографија).