Повик за изработка на видео игри за недискриминација

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија во рамките на проектот „Поддршка на граѓанското општество во креирање политики за социјална кохезија и различности“ објавува повик за подготовка на две видео игри за недискриминација за млади на возраст од 10 до 15 години со цел подигање на свеста кај младите за проблемите на лицата со попреченост и за подигање на свеста за етничките различности кај и толеранцијата.

Цел на проектот е да се поддржи развој на политики и пракса за социјална кохезија на ранливите групи и да се подобри пристапот до правда на ранливите групи. Проектот ќе обезбеди факти и докази за состојбата со одредени ранливи групи и ќе придонесе кон покренување на јавната свест за пристапот до услуги за овие  групи, придонесувајќи на тој начин кон подобрување на нивната социјална и правна заштита. Исто така, проектот ќе обезбеди правна помош за жртвите на дискриминација со цел да се подобри пристапот до правда на ранливите групи.

Видео игрите кои се дел од активностите од проектот треба да послужат како алатки за подигање на општествената свест кај младите, но и за превенција од дискриминација.

Право да учествуваат на овој повик имаат организации/компании и/или индивидуалци, кои можат да аплицираат одделно за подготовка на само една од видео игрите или за подготовка и на двете видео игри.

Критериумите кои кандидатите треба да ги исполнуваат, како и начинот на пријавување и избор може да се најдат на следниов линк.

Видео играта/ите во двете верзии треба да биде/ат изготвени до 20.02.2017 година.