Половина од младите се плашат дека работните места ќе се автоматизираат за 10 години

Младите во Британија и другите развиени нации се многу позагрижени за нивото на нивните технолошки вештини отколку младите во други економии во развој, покажува последната анкета на британската фондација „Иднина“.

Извештајот покажува дека 40% од анкетираните млади се плашат дека работните места ќе се автоматизираат во следната декада, додека оваа бројка е највисока во Британија, со 45% кои веруваат дека технологијата ќе го замени она кое го работат, пренесе Гардијан.

Фондацијата анкетирала близу девет илјади луѓе во девет земји (околу илјада по земја) во име на ИТ консултантската куќа Infosys и пронашла дека 54% од Британците помеѓу 16 и 25 ја рангираа својата доверба на 7 од 10 дека имаат вештини потребни за успешна кариера.

Младите луѓе во Бразил (77.9%), Индија (77.6%), Јужна Африка (67.3%) и Кина (67.1%) покажуваат повеќе доверба отколку Британците кои се пред оние од Франција (53%) и Австралија (50.6%).

Индијците се најсамоуверени околу нивните ИТ вештини. Како и кај сите земји, има поделба помеѓу родовите во Индија, со 81% од мажите кои сметаат дека имаат ИТ вештини , додека 70% од жените веруваат во истото. Сепак, жените во Индија стојат многу подобро од други земји.

Само 37% од анкетираните во Франција чувствуваат дека се високо квалификувани во ИТ. Всушност, три четвртини од француските млади веруваат дека имаат полоши изгледи за работа отколку нивните родители, споредено со половина во Индија.

Во Британија и Австралија, 77% од луѓето велат дека морале да научат вештини кои им биле потребни бидејќи нивните училишта или универзитети не ги подготвиле, споредено со 66% во Индија. 45% од младите Американци сметаат дека нивното образование е старомодно и не ги учи на техничките вештини кои им се потребни за нивната кариера.

Повеќе од две третини од младите кои се анкетирани во сите земји биле подготвени да научат нов сет вештини за да најдат нова работа, со повеќе од три-четвртини во Бразил и Јужна Африка кои рекле дека се подготвени да го направат истото.

Извор: Гардијан