Полјаците на референдум ќе одлучуваат за оградата на границата со Белорусија

На референдум, кој ќе се одржи заедно со парламентарните избори на 15 октомври, првично планиран Полјаците да ја отфрлат обврската за солидарност во Европската Унија со земјите најпогодени од нелегалната миграција, тие ќе бидат прашани и дали сакаат да се отстрани оградата на границата со Белорусија, пренесува Данас.

„Дали поддржуваш ликвидирање на оградата на границата меѓу Полска и Белорусија“, е четвртото и последно референдумско прашање што денеска го претстави министерот за одбрана Мариуш Блашчак.

Блашчак ја обвини опозицијата и поранешниот долгогодишен премиер на Полска, а подоцна и претседател на Европскиот совет Доналд Туск, дека тој и неговиот тим имаат намера да ја тргнат оградата доколку дојдат на власт наесен и да ја „отворат“ вратата за десетици илјади бегалци од Азија и Африка кои доаѓаат по источната рута.

„Полска може да биде следната цел на Путин и нашата безбедност е во реална опасност. Затоа ние постојано ја зајакнуваме полската армија и постојано ја подигаме браната на границата со Белорусија“, напиша Блашчак.

Референдумот, кој нема никакво значење за одлучување во ЕУ, но требаше да ѝ ги „врзе“ рацете на секоја следна влада, првично беше планиран да биде само за механизмот на задолжителна солидарност при преселувањето на бегалци на нови локации, бидејќи според новиот предлог за реформа на азилот, земјата-членка мора да им помогне.

Тоа мора да го направи со прифаќање помал број бегалци, во случајот со Полска од 38 милиони жители, тоа е 1.900 или со испраќање повеќе полиција и граничари или со плаќање за секој одбиен бегалец.