Поетското читање „СТИХОДРОМ: врзете се, поетуваме!“ вечерва во Аеродром

Вечерва (18 декември) ќе се одржи поетското читање „СТИХОДРОМ: врзете се, поетуваме!“ во рамки на првиот „Дром Фест – КултурДром во вашиот дом“ што се организира во Општина Аеродром.

Читањето ќе започне во 18:00 часот на третиот кат во „Капитол мол“. Со свои стихови ќе се претстават Андреј Ал-Асади, Иван Антоновски, Јулијана Величковска, Диме Данов, Искра Донева, Светла Јакшиќ, Живко Новески, Лилјана Пандева, Димитар Пандев, Дијана Петкова, Глигор Стојковски и Виолета Танчева-Златева.

Поетското читање го организира Скопски поетски фестивал. По настанот ќе следи диџеј сет на Кристијан Јордановски.