Поетска епизода #1 – Новите деца во градот

Во кафе-книжарницата „Буква“ од денес (сабота, 18 јуни) од 20:30 часот ќе почне нов концепт на поетски средби на млади, во обид да се збогати културната содржина на градот и да се чита убава поезија.

Според организаторот, секој настан ќе има флуиден карактер и поинаква тема.

„Со микрофон, да се охрабриме погласно и посмело да читаме, оваа поетска епизода ја создаваат овие нови деца во градот“, се вели во најавата.

Учесници поети се Ива Петреска, Андреј Ал-Асади, Марија Велинова, Софија Тодороска, Благица Трајкоска, Ивана Јовановска, Павлина Атанасова, Андреј Медиќ Лазаревски, Сатја Александар Давитков.

Настанот ќе го модерираат Ивана Јовановска и Андреј Медиќ Лазаревски.