Поетско-музички перформанс „Слушни го езерото“ утре во Охрид за Денот на Охридското езеро

Во чест на Денот на Охридското Езеро, утре (21 јуни) од 11 часот пред платото на Библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи завршницата од поетско-музичкиот перформанс насловен како „Слушни го езерото“.

„На настанот ќе настапат десетина поети од Охрид, Струга и Поградец, Албанија, ученици од основните училишта ќе постават изложба со цртежи сврзани со езерото, а ќе настапат и млади музичари од музичкото училиште „Методи Патче“ од Охрид“, се вели во најавата за настанот.

Проектот е дел од Годишната програма на Библиотеката финансиран од Министерството за култура.