[Подкаст] YouThink: [ШОКАНТНО] е што медиумите прават за вашиот клик

Сигурно редовно наидувате со содржини и вести кои почнуваат со зборовите „СКАНДАЛОЗНО“, „ШОКАНТНО“ или „НЕВЕРОЈАТНО“. Но, единствено „шокантно“ е степенот до кој медиумите одат за да го добијат вашиот клик.

Се работи за тактика за привлекување на вниманието на публиката, преку која медиумите се обидуваат да стигнат до повеќе читатели, гледачи или слушатели, што на нив им носи повеќе пари и повеќе влијание.

Во втората епизода од „Youthink“ подкастот зборуваме за тоа колку е опасен сензационализмот во медиумите, како да го препознаете, но и како да се заштитиме од ваквите содржини.

Разговараме со Огнен Јанески, кој преку повеќе примери од неговото новинарско искуство објаснува како тој ги избегнува замките и се справува со дезинформациите, сензационалистичките вести и медиумските лаги.