[Подкаст] YouThink: Млад човек кој излегува од својот информациски „меур“ е способен да направи промена

🎙 Колку младите треба да покажат скепса кон дезинформации, но и да излезат од комфорната зона, од својот „меур“ и да ги слушнат ставовите со кои не се согласуваат? Треба ли лична одговорност и етика во офлајн и онлајн светот? Какви реформи се потребни за медиумската писменост да не биде „заглавена“ во неформалното образование, туку да оди рака под рака и во формалниот систем?

❗️ За сите овие прашања поразговаравме со Михајло Лахтов, директор на Проектот на УСАИД „Младите размислуваат“, кој од лани тргна во мисија да ја вклучува медиумската писменост во наставните програми и да се едуцираат млади од прво одделение, па се’ до студентите во универзитетите.

📢 Нашиот нов тазе подкаст се вика #YouThink! И, планираме да тераме со него во следниот период! Нас ни „легна“ муабетот со гостинот, а ѝ се допадна и на нашата мачка, која се најде во студио додека снимавме и имаше свој мини „настап“ :)

Подкастот слушнете го на плејерот подолу ⬇️