[Подкаст] Музичката индустрија не остана имуна на Ковид-19 – разговор со Димитар Савески од „Hardfaced“

Пандемијата со коронавирусот промени многу работи, а не ги одмина ниту музичарите и музичката индустрија.

Со рестриктивните мерки кои честопати се менуваа, а кои се однесуваа на ограничување и затворање на кафулињата и другите културни места, се чини дека инструментите на музичарите фаќаат се повеќе прашина.

За состојбата во музичката индустрија и за тоа како пандемијата со коронавирусот се одрази врз музичарите, разговараме со Димитар Савески, фронтмен на охридскиот металкор бенд „Hardfaced“.

Подкастот го подготвија Ивана Смилевска и Мартин Колоски.