Словачка стана втората европска земја која прогласи карантин

Словачка прогласи вонредна состојба од 90 дена и двонеделен карантин поради раст на новозаразени од КОВИД-19, пренесува „Euronews“. Оваа недела, во Словачка, дневната бројка на новозаразени лица во просек е над 10.000.

Централноевропската земја моментално се наоѓа во најголемиот раст на инфекции, а мерките кои вклучуваат затворање на продавниците кои не се за основни потреби, рестораните и кафулињата, а се смета дека мерките треба да му помогнат на преоптоварениот здравствен систем.

Одлуката се воведе откако претседателката Сузана Чапутова се обрати на прес-конференција, велејќи дека Словачка ја губи битката против КОВИД-19. Таа исто така се изјасни дека карантинот е потребен бидејќи здравствените работници се преработени, а во болниците нема место за нови пациенти.

За време на двонеделниот карантин, на луѓето ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само за купување намирници, одење на работа или училиште, како и за вакцинирање.

Оние лица кои се невакцинирани ќе треба да имаат скорешен тест или доказ дека во скорешно време го прележале вирусот за да може да одат на работа.

Сите собири на повеќе од шест лица кои не живеат на исто место исто така се забранети за време на вонредната состојба.

Словачка е рангирана како трета земја во ЕУ по невакцинирани жители, а само 45 отсто од жителите се целосно вакцинирани.

Земјата надмина над 3000 хоспитализации. Од словачкото Министерство за здравство соопштиле дека скоро 83 отсто од хоспитализираните лица не се вакцинирани.