Почина актерката Ратка Радмановиќ

Почина актерката Ратка Радмановиќ, потврдија од Народниот театар во Битола за Радио МОФ.

Информацијата беше соопштена и на нејзиниот Фејсбук профил.

„Денес по кратко боледување престана да чука срцето на нашата најсакана, актерката и доајен на македонското глумиште Ратка Радмановиќ. Нека и е вечна слава“, пишува во објавата на Фејсбук.

Родена во Кочани, Радмановиќ најголем дел од кариерата работеше во Битолскиот народен театар. Таа оствари низа улоги во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово. Радмановиќ оствари и десетина филмски улоги во „Пред дождот“, „Ослободување на Скопје“, „Прашина“, „Кајмак“, „До балчак“, „Панкот не е мртов“, „Мајки“, „Трето полувреме“ и други.

Погребот на Радмановиќ ќе се одржи утре во 11 часот.