По една декада преговори, постигнат меѓународниот договор за заштита на океаните

По 10 години преговори, нациите го постигнаа договорот за заштита на светските океани.

Договорот познат како „The High Seas Treaty“ има за цел 30% од морињата да станат заштитени подрачја до 2030 година за да се заштити и закрепне морската природа.

Договорот беше постигнат во вчера по 38 часовни разговори во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Со новите заштитени подрачја утврдени со договорот ќе се ограничи просторот можностите за риболов, како и маршутите на бродските патеки и активностите за истражување и ископување на минерали.

Еколошките групи претходно изразуваа загриженост дека процесите на ископување минерали може да ги нарушат местата за размножување на морските животни и дека создаваат бучава што е токсична за подводниот свет.

Меѓународниот орган за морско дно кој го надгледуваше процесот на преговорите за „Би-Би-Си“ изјавил дека „секоја идна активност во длабочините на морињата ќе биде правена со стриктни регулирања за да се осигураат дека се спроведуваат одржливо и одговорно.

Последниот ваков меѓународен договор за заштита на океаните е потпишан пред четириесет години во 1982