Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л’Хуилје добитници на Нобеловата награда за физика

Нобеловата награда за физика ја добија тројцата научници Пјер Агостини од САД, Ференц Краус од Германија и Ен Л’Хуилје од Шведска.

Тие ја добија наградата за „експериментални методи кои генерираат атосекундни импулси на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“.

Ова е втора Нобелова награда што се доделува оваа недела.

Како што објасни професорката Ева Олсон од Нобеловиот комитет за физика, способноста да се испитаат атосекундните импулси на светлина ја отвори вратата кон светот на електроните што сега почнуваме да ги истражуваме.

Нобеловата награда за физика се доделува од 1901 година, а само четири награди досега им припаднале на жени. Најмладиот лауреат беше Лоренс Брег, кој беше награден со својот татко на 25-годишна возраст во 1915 година.

Вчера, научниците Каталин Карико и Дру Вајсман добија престижна награда за медицина или физиологија, за нивниот придонес во развојот на мРНА вакцина против коронавирусот.

Каталин Карико и Дру Вајсман добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина