Писмо од десетгодишното момче кое го хакираше Инстаграм

Десетгодишниот Јани од Финска открил недостаток во системот на Инстаграм, со што успеал да брише коментари на туѓи слики. Тој го информираше Фејсбук за проблемот и доби 10000 долари од компанијата за неговата помош.

Јани испратил писмо до Mashable, во кое шеговито и детално ги опишува и другите недостатоци кои ги открил.

Здраво добри возрасни луѓе на интернетот. Тоа сум јас, Јани, момчето-гениј кое знае за компјутери повеќе од вас. Би сакал да се заблагодарам на Фесјбук за десетте илјади долари., ќе ги инвестирам сите на мојата Dave & Busters Power картичка, за мојата роденденска забава да биде подобра од на Били.

Но, ве уверувам, не ја пишувам оваа порака само за да ја изразам мојата благодарност. Открив уште неколку други маани во технологијата која ја користам секој ден, и би сакал да го направам светот свесен за тоа. Ве молам, исплатете ми 10000 долари за секоја од нив.

1.Има маана во мрежата на Playstation, која ѝ овозможува на мајка ми да ја исклучи играта кога е доцна.

2.И покрај трудот на г-ѓа Снајдер, повторно успеав да добијам пристап до AddictingGames.net на компјутерите во училишната библиотека.

3.Има фатален недостаток во Madden 2016 кој ми овозможува да создадам десетгодишни играчи кои им пркосат на правилата и ја добиваат наградата Offensive Rookie of the Year.

4.Има една маана во Фејсбук која прави сите девојки кои ми се допаѓаат да не ми ги „лајкуваат“ статусите.

5.Кога и да ми кажат родителите да одам во мојата соба и да си играм на Ајпадот, започнуваат да се караат. Верувам дека сигнали од Ајпадот го предизвикуваат ова.

6.Има огромен недостаток на Јутјуб кој прави моите видеа на кои играм Minecraft да не ги добијат милионите прегледи кои ги заслужуваат.

7.Салата за играње laser tag близу до мојата куќа има маана во рецепторите, која му овозможува на мојот постар брат Рики да ме победи лесно, без оглед на тоа колку многу се трудам.

8.После неколку посети со моето семејство, открив и пријавив голема грешка во крстозборот на детското мени на Buffalo Wild Wings.

9.Најдов маана во веб сајтот на мојот тим во детска лига во бејзбол, Squarespace, која ми овозможи да го зголемам мојот учинок.

Освен тоа, го хакирав телефонот на претседателот Обама, но имаше само еден куп здодевни мејлови и „кодови за лансирање“, а ништо за наредниот Avengers филм, па кој се грижи за тоа?

Ви благодарам на вашето време,

Јани