„Пикник у Пелинце“ – целодневен музички настан во сабота

Во сабота, на 18 јуни во 12 часот, во кумановското село Пелинце ќе започне настанот „Пикник у Пелинце“, по пауза од една година.

Организаторите на настанот посочија дека музичката програма ќе биде надополнета и со разни друштвени игри за забава. На настанот, меѓудругите предвидено е да настапат и Ендру Мелер, „DJ Flooder“, „Dado K. & Mamli“, „DJ Vaso“, „Jansky“, „Cobe“, „Igor Cige“, „Dyad“ и „Mitrik & Samardjiski“.

На настанот ќе биде поставена и „чил зона“, а местата за седење се ограничени, додаваат организаторите во најавата за настанот.

Влезот е слободен. Повеќе детали за настанот може да се погледнат на овој ЛИНК.