[Галерија] Радио МОФ на „Земјотрес“

Со три музички подиуми и над дваесеттина изведувачи од домашната музичка сцена, во саботата во МКЦ се одржа јубилејното, десетто издание на Фестивалот на свежа, домашна и независна музика „Земјотрес“.

Младинскиот културен центар се „тресеше“ од метал, техно, џез, инди-рок и трап звуци. Редици луѓе прво чекаа за да влезат, а потоа толпи млади луѓе постојано се движеа горе – доле, од стејџ до стејџ, од настап до настап. Бендовите свиреа кратко, ама затоа ги имаше во изобилство.

Меѓу музичките изведувачи кои настапија беа „Ширшаја“, С.А.М., „Луфтанза“, Марија Каева, Марко Рикалоски, „Короужн“, „Кат јоур нипл“, Андреја Салпе и Галатеиа, „Кантон 6“, „Мамут“, „Авелина“…

Посетителите можеа да тркнат до Галеријата на МКЦ за ја видат изложбата на фотографии од изминатите девет изданија на „Земјотрес“, или да си купат маичка или носач на звук на поставените штандови.

„Музичката младина и нејзиниот глас: Земјотрес! Општествена непогода. Неизлечива борба за опстанок. Серум за вистина. Воља за ЖИВОТ. Земјотрес како заедно“, се велеше во најавата за настанот.

Во прилог погледнете ја фотогалеријата на Радио МОФ од „Земјотрес“.

Фото: Панде Ефтимов