„Востание #6“ во МКЦ

„Востание #6“ во МКЦ ќе го донесат „Хардфејсд“, „Новиот почеток“, „Искра“, „Гаргојлс“ и „Конспираси“.

На 19 март, сабота, со почеток во 19 часот, ќе започне шестото по ред издание на фестивалот организиран од „Diehard Records & Booking“.

Билетите се достапни во претпродажба на билетарата на МКЦ или онлајн. Поради пандемијата, влезниците за ова издание на фестивалот ќе бидат во строго ограничен број, односно 50% од просторните капацитети на локацијата.

Билетите во претпродажба ќе чинат 350 денари, а на врата ќе чинат 400 денари.

„Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во затворен простор. За влез на ВОСТАНИЕ ви треба сертификат/потврда за извршена вакцинација против Covid-19“, велат организаторите.