Панел дискусија „Медиумите (не) придонесуваат кон медиумската писменост“ денес во „Александар Палас“

Дали медиумите придонесуваат кон зголемување на медиумската писменост на младите? Дали тие помагаат да се осознаат точни информации? Како младите се борат против лажни вести?

Ова се дел од прашањата кои ќе бидат во фокус на панел дискусијата „Медиумите (не) придонесуваат кон медиумската писменост“ на која дебатерите од Младински образовен форум (МОФ) ќе ги истражат овие теми и ќе им помогнат на присутните да ги најдат одговорите.

Настанот ќе се одржи денес (31 октомври) од 18 часот во хотелот „Александар Палас“.

Панел дискусијата е дел од Деновите на медиумска писменост 2023, во рамки на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“ (YouThink), спроведуван од ИРЕКС во соработка со Младински образовен форум.