Пандемијата го преполови бројот на кинопосетители [Инфографик]

Во 2022 година во македонските кина прикажале 11.326 кинопретстави, на кои присуствувале вкупно 274.289 посетители, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.

Бројката на посетители е речиси преполовена во споредба со 2019 година, кога имало рекордни, речиси 540 илјади посетители, што го покажува ударот кој пандемијата го нанесе врз кината.

Ако се погледне соодносот на кинопретстави и бројот на посетители, пак, најдобра година била 2012, кога просечниот број на посетители на кинопретстава изнесувала 50,4 , додека лани овој сооднос изнесувал 24,2 посетители по кинопретстава.

Повеќе детали погледнете на инфографикот во продолжение:

Даниел Евросимоски