Отворен повик за песна и краток расказ на тема „Плата за живот“

По повод шестото издание на „Текстилијада“, граѓанското здружение „Гласен Текстилец“ и НУУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Штип, распишуваат отворен конкурс за песна и краток расказ на тема „Плата за живот“.

Организаторите потенцираат дека право на учество на конкурсот со свои дела имаат сите ученици од основните и средните училишта во Штип, а конкурсот трае од 12 до 30 септември.

Сите заинтересирани своите дела треба да ги достават на мејлот konkurs@glasentekstilec.mk со назнака – „За награден конкурс“.

При праќањето на делата, учесниците треба да достават свое име и презиме, адреса, училиште и телефонски број.

Организаторите објаснуваат дека е предвидено доделување по три награди, во две конкуренции и тоа за ученици од 6-9 одделение (I, II, III награда) и за средношколци  (I, II, III награда).

Наградите ќе бидат доделени во просториите на НУ-У Библиотека „Гоце Делчев” на 8 октомври, сабота, во 12 часот попладне.