За две децении речиси 80 илјади ученици помалку во македонските училишта [Инфографик]

Според информации на Министерството за образование и наука околу 185 илјади основци и 70 илјади средношколци денеска седнаа во школските клупи и ја започнаа новата учебна година.

Овие бројки се далеку помали во споредба со податоците за запишани ученици во македонските основни и средни училишта од пред 20 години. За две децении речиси 53 илјади ученици помалку се запишани во основните училишта, додека преку 25 илјади помалку средношколци денеска го започнаа својот прв школски час во учебната 2022/2023 година.

Повеќе детали погледнете на следниот инфографик:

Даниел Евросимоски