Отсега на Месинџер може да се започне видео разговор со 50 луѓе

Фејсбук Месинџер отсега овозможува групни видео повици со дури 50 корисници на истата апликација.

Освен што може директно да се воспостави повик, доколку некој корисник не одговара на повикот, отсега може да се „пинга“.

Доколку има најмногу до шест луѓе истовремено на еден видео повик, може да се гледаат видеата на сите корисници одеднаш, слично како „вртелешката“ на Hangouts која го потенцира активниот говорник. Доколку бројот е поголем од шест, Месинџер ќе ги покажува видеата на оние кои последни се приклучиле кон разговорот и активно зборуваат во моментот.

Компанијата во последниов период воведе повеќе промени на својата платформа, како ефекти за камерата и „My Day“, слично на Снепчет.