Канада ќе стане првата држава во светот која ќе воведе здравствено предупредување на секоја цигара, пренесува „Гардијан“.
Со овој потег, државата планира да воведе и нови графички фото предупредувања на пакувањето на цигарите.
„Имаме предвид дека досегашните предупредувања го изгубија своето значење, а со тоа и влијание. Додавање на здравствени предупредувања на секоја цигара ќе помогне пораката да стигне до младите кои пушат цигари само во друштвени ситуации, избегнувајќи ја сликата на пакувањето“, изјави канадската министерка за ментално здравје и зависности, Каролин Бенет.
Денес во Канада започнува пробен период на новото решение, а владата смета дека промените официјално ќе стапат на сила во втората половина на 2023 година.
Здравственото предупредување ќе може да се промени, а Бенет истакнала дека моменталната порака гласи „Отров во секој дим“.
Министерката додаде дека ќе се воведат и нови фото предупредувања на пакувањата кои ќе вклучуваат подолга листа на здравствени последици од пушење цигари, како дијабетес и рак на дебелото црево.
Канада ги воведе фото предупредувањата на пакувањато на цигарите на почетокот на милениумот, но фотографиите не се обновени 10 години.