Агенцијата за филм информира дека и оваа година, по седми пат, Македонија учествува во организација на „Филмскиот ден на млада публика“.
„Младите од нашата земја, кои се на возраст од 12 до 14 години и се љубители на филмот имаат можност да бидат дел од меѓународното жири и сите заедно да изберат најдобар филм за млада публика“, соопштува Агенцијата.
Младите сè што треба е да се пријават преку формуларот https://forms.gle/VGg658RtXDMEAoqS7, да ги погледнат трите номинирани филмови и да гласаат за нивниот фаворит.
Трите номинирани филмови се:
1.„PINOCCHIO“, на Матео Гароне (италијанско- француско – британска копродукција) 2019
2.„THE CROSSING (FLUKTEN OVER GRENSEN)“ на Јохане Хелгеланд (норвешка продукција) 2020
3.„WOLFWALKERS“, на Том Мур и Рос Стјуарт (ирско – луксембуршка – француска копродукција), 2020
Во настанот учествуваат 38 земји ширум Европа а наградата за најдобар филм за млада публика ќе се додели на 25 април.