Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово распишува поетски конкурс за основци

Библиотеката “Кочо Рацин” во Тетово по повод 23. Април – Светскиот ден на книгата и авторското право го распишува традиционалниот литературен конкурс за најдобри поетски творби на слободна тема.

„Право на учество имаат сите ученици од основните училишта во Тетово и тетовско. Поетските творби треба да се испратат под шифра. Имињата на авторите, насловот на песните и шифрите да бидат доставени во посебно затворено плико.За најдобрите песни предвидени се награди“, велат оттаму.

Поетските творби треба да се достават во библиотеката или да се испратат по пошта на адреса НУ библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово, бул Илирија бб, 1200 Тетово најдоцна до 25 април.