Ораторски настапи за ромскиот народ на 5-ти април во МНТ

На 5 април, со почеток од 16 часот, во Македонскиот Народен Театар во Скопје ќе се одржат Ораторски настапи на тема „Ромскиот народ – минато, сегашност, иднина“.

Настанот е организиран од „Ромаверзитас“, а финаниски подржан од Ромскиот образовен фонд (РЕФ), Будимпешта.

Говорници кои ќе настапуваат:

  • Руфат Демиров – студент на Политички студии на Правниот факултет “Јустинијан Први”- Скопје
  • Џемилијана Абдулова – студентка на студии по Новинарство, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
  • Надир Усеин – студент на Филозофскиот факултет на отсекот за меѓународни и интеркултурни студии при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје
  • Сумеa Рахим – апсолвентка на Медицинскиот Факултет во Скопје, на отсекот за физиотерапевти
  • Орнела Гани – студентка на Филозофски Факултет на Институтот за социјална работа и социјална политика при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“
  • Селвије Мустафи – студентка на Факултет за комуникации, јазици и култури, при УЈИЕ

На настанот ќе бидат доделени и признанија на дипломирани Роми од прв циклус на студии во 2017 година, избор на најдобри студенти Роми – корисници на „Ромаверзитас“ во учебната 2016/2017 година и ќе се доделат сертификати на студенти Роми – корисници на „Ромаверзитас“ во учебната 2017/2018 година.