Општина Центар адаптираше простор за децата со церебрална парализа

Следната недела , 40 деца од Центарот за деца со церебрална парализа ќе се преселат во нов времен објект до ООУ„11 Октомври“, поради изградбата на новото училиште во населбата Капиштец.

Новиот простор, во сопственост на Општина Центар, е со површина од 250 м2, и е целосно адаптирана за престој на овие лица при што е изградена рампа за пристап до улицата.

Овој објект ќе биде нивно катче за престој, рекреација и забава во текот на периодот до изградба на училиштето. Објектот, општина Центар ќе го предаде на Министерството за труд и социјална политика која треба да ја пресели опремата. Децата ќе имаат физиотерапевтска и дефектолошка поддршка по сите принципи и стандарди.

По изградбата , тие ќе добијат постојан простор од 300 м2, со најсовремени услови во новото основно училиште „Капиштец“ .