Онлајн дискусија за градењето на имунитет од вакцина

Вечерва, со почеток во 21 часот ќе се одржи онлајн дискусијата со проф. д-р Драган Даниловски (епидемиолог) и д-р Тефик Сали (доктор во Американски мировен корпус) за важноста, безбедноста и градењето на имунитет од вакцината против Ковид-19 и нејзините различни производители.

Дискусијата ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Здружението АВАЈА.

Зошто граѓаните да се одлучат за примање на вакцина и како да се однесуваат и подготват пред примањето на истата и во периодот по првата и втората доза, додека да изградат имунитет.

Дискусијата ќе биде модерирана од д-р Акиф Кариман кој исто така ќе одговори на прашањата од јавноста.