ОН: Најмалку три милиони лица во светот немаат државјанство, меѓу нив и Ромите во Македонија

Најмалку три милиони во светот немаат државјанство, што ги лишува од идентитет, права и, во многу случаи, поради тоа не можат да се вработат, соопшти Канцеларијата на Високиот комесеријат на Обединетите нации за бегалци.

Муслиманските Рохинџи, во мнозинско будистичката земја Мјанмар, се најбројното малциство чии припадници се без државјанство.

Други групи се Ромите во Македонија, сириските Курди, заедницата Карана во Мадагаскар и Пемба во Кенија.

Во Извештајот на организацијата се упатува повик до владите во светот да го решат тој проблем до 2024 година.