Охрид ќе празнува цел месец – низа музички и забавни настани

Охрид во пресрет на празниците го започна проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој ќе трае од 20-ти декември 2017 до 20-ти јануари 2018 година и предвидува низа културни и забавни активности.

Целта на оваа акција е да се опфати еден од најатрактивните периоди во текот на годината, надвор од главната туристичка сезона во Охрид.  Главниот дел од настаните ќе се одвиваат на посебно уредени простори во Центарот на градот, на пет различни сцени.

Во склоп на програмата се најавени и „Игри без граници“, театарски дел и изложби на отворено, „Од СРЦЕ за Охрид“ – посебна акција за најмладите, трки на Дедо мразовци, трки на келнери, ден на виното, баскер фест и многу други. Како една од најатрактивните содржини на овој месец на забавата во Охрид е и „Чоколадниот новогодишен свет“.

Целата музичка  програма ја пренесуваме во продолжение:

 – 31.12.2017 Даниел Кајмаковски и Анита Мицова (настап од 21:00-01:00 часот)

– 01.01.2018 Бени Шаќири (настап од 21-22:15 часот)

– 02.01.2018 Суперхикс (настап од 21-22:15 часот)

– 07.01.2018 Сергеј Четковиќ (настап од 21-22:15 часот)

– 13.01.2018 Љубојна (настап од 21-22:15 часот)

– 19.01.2018 Фолтин (настап од 21-22:15 часот)