Објавено второто издание на компилацијата „Крај Вардарот Џез“

Издавачката куќа PMGJazz објави ново компилациско издание од македонски артисти – „Крај Вардарот Џез 2“ (Kraj Vardarot Jazz Vol​.​2).

Во компилацијата се вклучени дела од „Сетстат“, „Сапере Ауде“, „Филип Букршлиев трио“, „Кантон6“, Дино Имери и колаборација меѓу Глигор Кондовски, Марија Каева и Владан Дробицки.

„Добредојдовте во нашата нова компилација, првично објавена на винил која раскажува приказна за неочекуваниот раст на издавачката куќа PMGJazz. Чудна и наградувачка е оваа наша авантура, собирање на најкул камењата од македонската музичка почва. И навистина е музичка. Тоа е смело и убаво во исто време. Добивате многу во иста рамка и тоа е богато и густо и ве води на места и… Не знаеме како се случува ова, само го правиме, а се прашуваме подоцна. Но, ова не’ прави среќни. Се надевам дека ќе ве израдува и вас. Бесплатно е за преземање. Среќен Божиќ и Среќна Нова Година за вас нашите пријатели и љубители на музика таму некаде“, се вели во инфото на изданието.

Компилацијата може да се слушне и преземе ТУКА.