Концерти на „Стој, После!“ и „Кантон6“ во барот „МАККА“

PMGJazz овој четврток (14 април) во барот „МАККА“ ќе реализира два концерти на македонските музички состави „Стој, После!“ и „Кантон6“.

Еден од составите на младиот и талентиран Мартин Џорлев „Стој, После!“ кој го реализира во соработка со Андреј Димовски, само што го издаде својот прв богат и експериментален албум „Умре ти, се родив јас“.

„Овој четврток за прв пат во живо ќе може да проследиме дел од интересно музичко патување“, велат од PMGJazz.

Албумот „Стој, После!“ се состои од четири делови: доживување/дознавање, сеќавање/истражување, шум шума загуба и псалм.

Со концерт во „МАККА“ ќе се претстави и нашиот електро-етно-џез состав „Катнон6“.

„Во состав на веќе признатите музичари и културни дејци Мирко Попов, Синиша Евтимов и Владан Дробицки ќе можете да слушнете дел од композициите кои се најдоа на последниот студиски албум “#Јazzus”, кој музички не води низ различни мистични, епски и историски трансформации и доживувања поврзани со  вистината за настанокот на џезот и неговата 500.000 годишно постоење како македонска традиционална музика. Авантура која ве повикува на танци и која не смеете да си дозволите да ја пропуштите“, стои во најавата на концертот.