Новиот директор на НАСА не верува дека луѓето ги предизвикуваат климатските промени

Џим Брајденстајн, поранешен пилот на американската морнарица, без научен кредибилитет и кој не верува дека луѓето се првично виновни за климатските промени, е новиот директор на НАСА.

Брајденстајн ќе стане првиот избран функционер кој ќе ја извршува административната работа на НАСА. Тој се приклучи на кабинетот во кој веќе членуваат луѓе кои го доведуваат во прашање универзалниот научен консензус дека климатските промени се реални и дека човечката активност е примарна причина.

Дел од сенаторите изразија загриженост уште при номинацијата на Брајденстајн велејќи дека би можело да биде „катастрофално за вселенската програма“.

По изборот, Брајденстајн изјави дека е почестен за укажаната можност.

„Со нетрпение очекувам да соработувам со извонредниот тим на НАСА за да ја остварам визијата на претседателот за американско раководство на вселената“, рече тој.

Потврдата доаѓа седум месеци откако Доналд Трамп го назначи Брајденстајн за позицијата.

Демократите го критикуваа изборот, бидејќи како што велат тој не е квалификуван да предводи научна агенција со годишен буџет од над 18 милијарди долари.

За време на негов говор во јуни 2013 година, Брајденстајн употребуваше аргументи кои ги користат луѓето што ги негираат климатските промени, тврдејќи дека глобалните температури „престанале да се зголемуваат пред 10 години”. Тој рече дека „народот на Оклахома е подготвен да прифати” извинување од тогашниот претседател Барак Обама за она што Брајденстајн го нарече „несоодветно распоредување” на фондовите за истражување на климатските промени наместо прогноза на времето.

Поранешниот пилот на морнарицата претходно служеше како извршен директор на Воздухопловниот и вселенскиот музеј и планетариум во Тулса, Оклахома. За време на неговиот мандат, институцијата претрпела финансиски загуби, а истрага спроведена од Проектот за надзор на владата, откри дека Брајденстајн користел ресурси од фондовите на институцијата во корист на друга компанија каде се јавува како ко-сопственост.