Новинарот на „Билд“, Бојан Блажевски добитник на наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија

Новинарот на „Билд“, Бојан Блажевски ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија. Станува збор за текстот „Слепите црева на недоградениот автопат меѓу Македонија и Албанија“, кој беше избран за најдобар во конкуренција на 49 поднесени трудови на Конкурсот.

Фоторепортерот на „Фокус“, Томислав Георгиев ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра репортерска фотографија, додека наградата за најдобра аматерска фотографија му припадна на Александар Ристовски.

Томислав Георгиев, добитник на наградата за најдобра фотографија

Александар Ристовски, добитник на наградата за најдобра аматерска фотографија

Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија беа на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, а наградата за најдобра аматерска фотографија ќе се додели за темата „Нашата различност, наша сила”.

Со жирито годинава претседаваше Надежда Гаче, актуелен директор и главен и одговорен уредник на неделникот Нови Магазин, Србија, која има долгогодишно искуство како уредник на некои од најголемите српски медиуми како ТВ Белград, Борба, Данас. Таа исто така била и претседател на Здружението на новинари на Србија.

Наградата што годинава се доделува 16. пат се состои од мали статуети за сите победници, ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра за победниците во категоријата најдобра новинарска сторија и најдобра професионална фотографија, како и ваучер во вредност од 500 евра за победникот во категоријата најдобра аматерска фотографија.