Новинар од САД ја посети Шведска за да извести за „криминалните бегалски соседства“

На почетокот на овој месец, Пол Џозеф Вотсон, новинар за десничарскиот веб сајт Infowars, вети дека ќе плати патување до Малме во Шведска, на било кој новинар кој тврди дека е безбедно да се патува таму. Причината за патувањето е тврдењето на претседателот Трамп, дека во Шведска има многу криминал и тероризам, поради бегалците кои ги примиле да живеат во државата.

Вотсон тврди дека областа е „преполна со мигрантски предградија разорани од криминал“, и дека „не е безбедно како што левицата тврди“.

Трамп изјави дека Шведска има „проблеми кои не ни мислеле дека се возможни“, а се поврзани со имиграцијата и криминалот. Но, иако Шведска имаше пораст на имиграцијата во последната деценија, нема никакви податоци кои ја поддржуваат инсинуацијата на Трамп дека стапката на криминал пораснала поради ова.

Вотсон донирал 2.000 долари на GoFundMe страницата на американскиот новинар Тим Пул, кој решил да се финансира на веб страницата за патување и да оди во скандинавската земја, од каде објективно ќе пренесе дали има криминал или не.

Сега, Пул ја објави својата репортажа.

„Многумина би рекле дека либералните политики на Шведска се доказ дека функционираат и дека тоа би било од голема корист за САД. Сега Трамп го користи проблемот со имиграцијата за да го побие тој аргумент. Поврзаноста на криминалот во Шведска со имиграцијата и бегалците е идеја која постои во САД со години, дури и пред Трамп“.

„Некој викаше по нас и ни покажа среден прст. Сопственик на пицерија не сакаше да пушти внатре „проклети новинари“. Но, доколку луѓето се толку исплашени да дојдат овде, не би им препорачал да одат во Чикаго. Чикаго има околу 750 убиства годишно“, вели Пул за своите искуства со „криминалот“ во Малме.

Пол има и свој Јутјуб канал, каде објавува видеа во кои ги документира своите патувања низ Шведска.