Нови ограничувања на конверзивната терапија и анти-транс законите во Америка

Американскиот претседател, Џо Бајден потпиша извршна наредба насочена кон спречување на дискриминацијата на трансродовите млади луѓе. Наредбата се однесува и кон испразнување на федералните средства наменети за контроверзната практика т.н „терапија на конверзија“, јавува весникот „Гардијан“.

Извршната наредба на Бајден што доаѓа за време на месецот на гордоста бара од федералните здравствени и образовни оддели да го прошират пристапот до медицинската нега што го потврдува родот, а со тоа да најдат нови начин да се спротивстават на низата закони во американските држави што годинава беа усвоени од страна на конзервативните пратеници и со кои се забрануваат третмани за трансродовите лица.

Наредбата исто така бара федералните агенции да се погрижат федерално финансираните програми да не нудат средства за терапија на конверзија преку која младите ЛГБТИ+ лица се убедени дека треба да го променат полот.

Пред да ја потпише наредбата, Бајден рекол дека сѐ уште има многу работа, но тој верува дека никој не треба да се соочува со дискриминација само поради тоа кој е или кого сака.

Новите мерки при извршната наредба вклучуваат и охрабрување на младите лица, односно децата од заедницата да се вселуваат во згрижувачки домови каде се поддржува нивната сексуална ориентација и создавање на нова работна група за ЛГБТИ+ бездомништво, со цел да се намали бројот на млади припадници на заедницата кои од било какви причини се бездомници.