Парада на гордоста во Будимпешта и покрај пречките на Орбан

Парадатa на гордоста која треба да се одржи овој викенд во Будимпешта, може да биде една од најполитички електризираната парада во историјата на Парадите на гордоста, пренесува „Индипендент“.

Парадата се планира и покрај препреките кои ги поставува Орбан, односно обидите да се потисне ЛГБТИ+ присуството во јавноста, како и цензура на ЛГБТИ+ содржина со цел да се заштити традицијата на земјата. И покрај овие пречки, се очекува илјадници лица да излезат на улиците, прв пат по две години, поради пандемијата.

Организаторите на парадата велат дека тие се одлучни да ја спроведат парадата на начин кој што ќе одговара поради непожелната владина агенда.

„Земи ја иднината во твои раце“, порачаа тие во своја објава.

„Владата продолжува со својата ексклузивна и стигматизирачка кампања против ЛГБТИ+ заедницата. Ние ќе им покажеме дека нема да се предадеме, дека нема да дозволиме ЛГБТИ+ лицата да се третираат како граѓани од втор ред“, изјавиле оттаму.

Законот кој го усвои владата на Орбан за забрана на јавна презентација на ЛГБТИ+ содржина во материјали наменети за деца под 18 години, стапи на сила овој месец, поттикнувајќи интернационални критики.

Оправдан од страна на власта како „заштита за децата“, ваквиот акт е претставен во јавноста како неопходен за да се заштити традиционалниот модел на семејството, меѓутоа постојат стравови дека законот ќе има драстични ефекти врз менталното здравје на ЛГБТИ+ лицата во Унгарија.

Дејвид Виг, директорот на „Амнести Интернешнл Унгарија“ изјавил за „Индипендент“ дека законот веќе има алармантно влијание.

„Продавачка на книги во скоро време беше казнета поради продавање на книга во која има геј родители. Два геј лекари беа истепани, а еден од нив толку брутално што остана без свест. Раст на бројот на насилството поради омраза е само еден знак за опаѓањето на човековите права во Унгарија“, истакнал Виг.

Орбан дополнително ја разгоре контроверзната одлука со негова изјава дека Законот за детска заштита ќе биде предмет на национален референдум.

Предлог референдумот предизвикува негативни одговори – унгарските граѓани ќе треба да одговорат дали ја поддржуваат „промоцијата на операции за промена на пол на малолетници“, како и „неконтролираната презентација на сексуални содржини преку медиуми за малолетници кои влијаат врз нивниот развој“.

При најавување на референдумот, Орбан ги известил унгарските граѓани да одговорат со „не“ на сите пет прашања. Тој го споредил референдумот со претходен референдум од пред пет години во врска со мерки за мигранти, на кој 98 отсто од гласачите ја поддржале владата против Европската полиса за мигрантско алоцирање.

Новиот референдум за детска заштита е најновиот обид на Орбан за портретирање на ЛГБТИ- слободите како закана за традиционалните унгарски вредности и како дел од европска стратегија за идеолошко колонизирање на Унгарија.

Бидејќи јавната сфера е исполнета со нападната реторика кон ЛГБТИ+ правата, постојат стравови дека оваа година ќе се случат контра-паради. Неколку организации најавија свои контра-паради во Будимпешта, меѓу кои и „Национален отпор против гордоста во Будимпешта“.

Оттаму дури ги поттикнуваат своите поддржувачи да праќаат фотографии до полицијата на кои се гледа како деца се излезени на Парадата на гордоста, бидејќи со новиот закон тоа е нелегално.

Реми Бони, извршниот директор на „Забранети бои“ – ЕУ ЛГБТИ- Фондација, кој тимски соработува со организаторите на Парадата во Будимпешта, изјавил дека „организирањето на парадите во Унгарија секогаш подразбира правење и анализи за безбедност

„Иако полициската присутност е намалена во последните година, ситуацијата пред и после парадаа може да е непредвидлива. Унгарија има добро организирано и агресивно радикално-десничарско движење, кое и во минатото организирално контрапротести“, додал тој.

Скорешна анкета покажала дека 80 отсто од Унгарците веруваат дека треба да се протестира против анти-ЛГБТИ законите на Орбан.