Њујорк Тајмс ја купи виралната игра „Вордл“

Весникот Њујорк Тајмс ја купи виралната игра со зборови „Вордл“ за непозната сума која се движи во милиони долари, соопштија од компанијата.

Играта, која беше создадена од Редит инженер, и беше покрената во октомври, на играчот му дава шест обиди за да пронајде збор од пет букви кој се менува секој ден. Дневната загатка стана вистински хит од самиот почеток, брзо привлекувајќи милиони луѓе од светот кои секојдневно ја играат.

Џон Вардл, кој ја направил играта за неговата партнерка, која обожава загатки, за Гардијан изјавил дека е пресреќен од успехот на играта.

„Тоа што стана вирално не беше добро за мене, ако бидам искрен. Сега чувствувам некоја одговорност за играчите. Се чувствувам како да им должам играта да работи како што треба и се да биде под контрола“, вели Вардл.

Од „Вордл“ во соопштение до јавноста напишаа дека се пресреќни што Њујорк Тајмс ќе раководи со играта во иднина и дека го почитуваат тоа што приодот на весникот кон игрите е со почит кон нивните играчи.

Сепак, дел од симпатизерите на оваа онлајн вирална игра изразија загриженост дека сега ќе биде потребна дигитална претплата за весникот за да се игра играта. Од „Вордл“, пак, велат дека Њујорк Тајмс ветиле дека играта ќе остане бесплатна за сите нови и постоечки играчи и дека нема да прават никакви измени во начинот на игра.

Би „Зборле“, македонска верзија на онлајн играта „Вордл“