#НизТвојотОбјектив – Улична фотографија од Горазд Николоски

Денес во #НизТвојотОбјектив се шетаме низ град со објективот на Горазд Николоски, фриленсер од Скопје кој сака да фотографира и да спортува.

„Следните фотографии што ќе ги видите се внимателно одбрани и сликани во вистински момент. Јас лично почесто го чекам оној вистински момент за да доволам се’ во една слика. Фотографијата е спомен, за некого е весел, а за друг тажен. Сакам да сликам ‘street photography’ како и за да ги доволам приказните на луѓето. Секоја фотографија си е посебна приказна за себе“, вели тој за Радио МОФ.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.