#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Атанасија Гулевска

Овој четврток во рубриката #НизТвојотОбјектив ја имаме Атанасија Гулевска, млада музичарка која неретко со својот фото-апарат документира жива музика.

„Отсекогаш сум била примамена од природата и својствата на вода, звук, ветар и светлина :) ми делувале надреално. Нагонот за создавање е боженствено ехо кај нас луѓето, а медиумите варираат и понекогаш и не се толку битни. Сликање со светлина, тоа е дефиницијата за фотографија, а ако тоа не е доволна фасцинација сама по себе има и милион други во кои не би навлегувала. Кога сме кај медиуми за творештво :) фасцинацијата кон звукот дојде во прекрасна заедница со фасцинацијата за светлина па од таму мојата преокупација со документирање на жива музика односно концертна фотографија. Иако предоминантно се бавам со концертна фотографија, сум голем љубител и на спонтана/ документарна фотографија како и креативна фотографија, што и да е мора да има човечки субјект во рамката :)“, вели таа за Радио МОФ.

Радио МОФ започна со рубриката #НизТвојотОбјектив со цел да отвори можност за изразување, промовирање и поврзување на фотографи. Секој четврток објавуваме фотографија или фотографии од еден автор.

Сите заинтересирани за објавување, своите фотографии може да ни ги пратат на info@radiomof.mk, заедно со кратка биографија и кусо објаснување за контекстот на фотографијата. Фотографиите треба да опфаќаат различни општествени теми како екологија, дискриминација, цензура, млади, маргинализација, корупција, незадоволство и секојдневното живеење.