„Нетлифкс“ ќе лансира сопствено студио за видео игри

Големата стриминг компанија „Нетфликс“ соопшти дека ќе формира сопствено студио за видео игри.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, студиото ќе се наоѓа во Хелсинки, Финска, а истото ќе го раководи поранешниот извршен директор на „Електроник артс“ и „Зинга“, Марко Ластика.

„Преку студиото ќе направиме низа од разновидни и длабоко привлечни оригинални игри без реклами и без купувања во апликацијата“, изјавил Амри Рахими, потпретседател на студиото за игри од „Нетфликс“.

Сè уште не се знае дали намерата на Нетфликс е да создава игри за на мобилни уреди или ќе се насочи и кон креирање и видео игри што се играат со конзоли.

„Нетфликс“ претходно има купувано мали компании за игри како „Оксенфри“ и „Најт скул студио“, а има и објавено неколку серии базирани на видео игри како „Аркан“ и „Сајберпанк: Еџранерс“, но ова е прв пат да најави идеја за создавање на целосно ново студио.

Во април годинава, гигантот пријави загуба од 200.000 претплатеници што беше прва квартална загуба од 2011 година. Потоа во периодот меѓу април и јули годинава изгуби уште милион претплатеници, што е најголемата загуба досега.

„Нетфликс“ изгуби речиси милион претплатници од април до јули годинава