Недела на франкофонски филм од 15 до 22 март во Кинотека

И оваа година се организира традиционалната Недела на франкофонски филм во знак на одбележување на месецот на Франкофонијата, во организација на Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, а во соработка со Амбасадите на Швајцарија, Романија, Белгија, Албанија, Амбасадата Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар, Амбасадата на Грција и Кинотеката на Северна Македонија.

Настанот ќе започне на 15 март во 20 часот во Кинотека, со проекцијата на швајцарскиот филм „Блех-музика“, на режисерот Франсоа-Кристоф Марзал од 2019 година. По проекцијата на филмот, ќе следува посета на изложбата на македонската уметница Јана Манева-Чупоска.

Останатите проекции во рамките на Неделата на франкофонскиот филм се:

  • Сабота 16 март 2024, 18:00 часот: Проекција на бугарскиот филм „Бескрајна градина” на Галин Стоев (2017)
  • Сабота 16 март 2024, 20:00 часот: Проекција на романскиот филм „Слобода” на Тудор Гиуригу (2023)
  • Понеделник 18 март 2024, 20:00 часот: Проекција на албанскиот филм „Делегација” на Бујар Алимани (2018)
  • Вторник 19 март 2024, 20:00 часот: Проекција на македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот” на Теона Стругар Митевска (2022)
  • Среда 20 март 2024, 20:00 часот: Проекција на францускиот филм „Дивертименто” на Мари-Кастиј Мартијон-Шар (2023)
  • Четврток 21 март 2024, 20 часот: Проекција на белгискиот филм „Љубезните” на режисерот Оливије Ранже (2022, 1h55)
  • Петок 22 март 2024, 20:00 часот: Затворање на филмската недела со грчкиот филм „Ефтихија” на режисерот Ангелос Францис (2019)

Сите филмови се со превод на македонски јазик, а за филмовите од нефранкофонско говорно подрачје обезбеден е и превод на француски јазик, соопштија организаторите.

Влезници за проекциите се резервираат и се подигнуваат во Кинотеката.

Подетални информации за филмовите може да се најдат на следниов ЛИНК.