Најмасовен донаторски настан ,,Нахрани 1000’’

По повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата, „Мрдни со прст“ во соработка со Црвен Крст на град Скопје, здружението на граѓани за помош на бездомници и социјално загрозени семејства „Љубезност“, организацијата „Ајде Македонија“, организацијата „АДРА Македонија” и Сојуз на извидници на Република Македонија, на 17 октомври го организираат досега најмасовниот донаторски хепенинг под мотото ,,Нахрани 1000’’.

Според последните истражувања, 445 000 граѓани во Македонија во текот на денот можат да си дозволат само по еден оброк.

Штандови на кои ќе може да се донира храна во вторник на 17 октомври, од 10 до 19 часот ќе бидат поставени на следниве локации:
– Плоштад Македонија
– Пред Skopje City Mall кај Play cafe
– Аеродром пред Веро
– Пред Дом на Градежници
– Ѓорче Петров пред Тинекс

Организаторите потенцираат дека треба да се носи нерасиплива и конзервирана храна (ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, кокошкина супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук).