Најдобрите фотографии од затемнувањето на Сонцето

Американците вчера преку телескопи, камери и заштитни очила ја имаа приликата да ја набљудуваат Месечината додека го поклопуваше пладневното Сонце за време на соларната еклипса, која се случува за првпат во САД во последниот век.

Се смета дека ова е најнабљудуваната и фотографирана еклипса во историјата, со милиони зафатени и изнајмени места за гледање, особено долж патеката на тоталитет – линијата на сенка што се создава кога Сонцето е целосно затскриено.

Сенката – коридор широк 96-100 километри – дојде на брегот на Орегон, а потоа започна дијагонално да се шири низ континентот до Јужна Каролина, со темнина која траеше околу две до три минути на секое место.

„Шоуто само што започна, луѓе! Каков прекрасен ден! Зарем ова не е прекрасно, луѓе?“, се обрати директорот на научниот музеј во Орегон, Џим Тод пред илјадници насобраните луѓе во амфитеатарот Салем.

Во продолжение, погледнете ги најдобрите фотографии од вчерашното затемнување на Сонцето во САД.