Јапонија засведочи создавање на нов остров, откако еруптираше подводен вулкан во близина на Иво Џима.
Ерупцијата се случила пред три недели, а научниците посочуваат дека и покрај реткоста на овој природен феномен, островот најверојатно нема да е долготраен.
Неименуваниот подводен вулкан еруптирал на 21 октомври на околу 1 километaр од крајбрежјето на Иво Џима, а 1.200 километри јужно од Токио.
До почетокот на ноември островот бил широк околу 100 метри и на 20 метри надморска височина, истакнале од Јапонската Агенција за метеорологија.
Кревката природа на составот на островот е опишан како „ронлив“, што го прави подложен на ерозија од океанските бранови. Тековните анализи на експертите вклучува дополнителни испитувања за составот на материјата за да се утврди од што е направен островот.
Сè уште е можно островот да опстане подолг период, доколку се покаже дека е составен од поиздржливи материјали како лава, за разлика од лесно трошни материјали како вулкански карпи.