На францускиот аеродром „Шарл де Гол“ почина Иранецот Мерхан Карими Насери, човекот зад филмот „Терминал“ (2004) од режисерот Стивен Спилберг, пренесува „Гардијан“.
Вчеравечер, Насери почина од срцев удар на терминалот, а веста за неговата смрт ја пренеле француските медиуми. Полицијата и медицинскиот тим му укажале помош, но не успеале да го спасат, изјавил службеникот од аеродромот во Париз.
Карими Насери, за кој се верува дека е роден во 1945 година, живеел во аеродромскиот терминал 1 од 1988 до 2006 година, најпрво во правна неизвесност бидејќи немал документи за престој, а подоцна и по избор, пишуваат француските медиуми.
Тој повторно живеел на аеродромските терминали во последните неколку недели.
Филмот „Терминал“ е испириран од приказната на Мерхан Карими Насери, а неговиот лик го играше актерот Том Хенкс. Приказната на Насери е раскажана и во францускиот филм „Господинот Алфред од Шарл де Гол“.