МЗ: 41 починат од Ковид-19, 303 новозаразени

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека од Ковид-19 во изминатото деноноќие починало 41 лице, односно, 16 од Скопје (34г, 41г, 50г, 60г, 64г, 65г, 3 лица на 67г., 69г, 70г, 71г, 72г, 77г, 80г и 86г), по 5 пациенти од Прилеп (43г, 2 лица на 67г, 71г и 78г) и Велес (44г, 66г, 70г, 74г и 81г) и по 3 пациенти од Куманово (2 лица на 78г и 79г), и Неготино (60г, 74г и 79г).

Потоа, по еден пациент од Струга (72г), Берово (50г), Гевгелија (60г), Виница (62г), Штип (63 г), Струмица (64г), Гостивар (72г), Кочани (80г), и Дебар (85г). Од починатите лица, сите се починати во болнички услови, освен еден кој е починат во домашни услови. Министерството дополнително информираше дека во денешниот извештај има ненамерна грешка, па така, починатиот пациент од Струга имал 72, наместо 22 години, како што првично беше соопштено.

Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 303 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 195 случаи во Скопје, 28 во Прилеп, 17 во Куманово, 14 во Гостивар, осум во Тетово, седум во Кавадарци, по шест во Велес, Штип и Неготино, по три во Струга и Кичево, по два во Струмица и Гевгелија и по еден позитивен случај е регистриран во Охрид, Кочани, Ресен, Радовиш, Дебар и Пробиштип.

Регистрирани се 1.169 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 532, Прилеп – 78, Кавадарци – 63, Куманово – 58, Неготино – 47, Велес – 44, Гостивар – 42, Штип – 36, Тетово и Битола – по 34, Кочани – 22, Гевгелија – 21, Крива Паланка – 19, Делчево и Берово – по 14, Струмица – 13, Свети Николе, Валандово и Богданци – по 11, Ресен – 9, Дебар – 8, Кичево, Радовиш и Македонски Брод – по 7, Крушево и Демир Хисар – по 5, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 4, Кратово и Дојран – по 2 и 1 од Охрид.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 127.240, бројката на оздравени пациенти е 105.524, на починати е 3.716, а бројот на активни случаи изнесува 18.000“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 616.862 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.405 тестови.