Десет новозаразени со Ковид-19 – трет ден без починати лица

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 10 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 11 случаи во Скопје, по 2 во Прилеп и Радовиш и по 1 случај е регистриран во Куманово, Битола и Кичево.

Регистрирани се 18 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 11, Прилеп и Радовиш – по 2 и по 1 од Куманово, Битола и Кичево.

Од МЗ исто така информираат дека денеска нема починати лица од Ковид-19, односно, трет ден со ред.

„Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројката на оздравени пациенти е 149.708, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 413“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 844.654 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.529 тестови.